Снимен е моментот на ерупција на вулкан во Јапонија

Минатата недела еруптираше вулкан на јапонскиот остров Нииџима, 150 километри јужно од Токио.

Јапонската крајбрежна стража го снимила моментот на експлозијата на камера и ја објавила снимката вчера, пренесува Телеграф.

Властите велат дека експлозијата достигнала висина од околу 200 метри, пишува Би-Би-Си.

Вулканскиот остров е создаден пред десет години. Неговото име се преведува како – „нов остров“.