Снимката од Новак и Јелена го обиколи светот! Дали е можно? Ги покажуваат своите страсти пред толпата луѓе (фото/видео)

Новак Ѓоковиќ веќе извесно време е во Црна Гора, а саботната вечер ја помина со сопругата Јелена, која ја однесе на концерт на Кална Кула во Херцег Нови.

Новак беше облечен во дуксер, додека Јелена облечена во тексас јакна, а кога се појавија меѓу толпата направија вистински метеж, па сите погледи беа вперени во нив.

Тие беа на концертот на Владо Георгиев. Додека Ноле беше обземен од емоции за време на песната „Hoću svoj zivot“, пред сите ја бакна сопругата.

Облаците и дождот воопшто не им пречеа, па одлично се забавуваа, а Ноле во еден момент ја соблече кошулата.

Седнаа во ВИП делот кој е дел од сценографијата на сцената и одлично се забавуваа.