E, сега започнува вистинскиот хаос! ,,Вагнерците” добиле итен повик: „Помагајте“ (фото)

Воената хунта на Нигер побарала помош од руската платеничка група Вагнер, според аналитичарот Васим Наср.

Според него, ова уследило по истекот на рокот за ослободување на сменетиот претседател на Нигер, Мохамед Базум и евентуалната воена интервенција на Западноафриканскиот регионален блок (ЕКОVАS) во случај тоа да не се случи.

Барањето до Вагнер беше упатено за време на посетата на еден од водачите на воената хунта, генерал Салифу Моди, на соседно Мали, Васим Наср, новинар и виш соработник во Центарот Суфан, независен непрофитен центар за истражување, анализа и стратешки дијалог за глобалната безбедност, изјави за Асошиетед прес.

Според него, оваа информација прва ја објави француската ТВ мрежа Франс 24, а ја потврдија три извори од Мали и француски дипломат.

– Ним им треба тој (Вагнер) за да им го гарантира опстанокот на власт – рече Наср и додаде дека Вагнер го разгледува барањето на воената хунта на Нигер.

Западен воен функционер, кој побарал анонимност, потврдил за АП дека знаел дека хунтата побарала помош од Вагнер за време на посетата на генералот Салифу Моди на Мали.

Министрите за одбрана на земјите-членки на ЕКОVАS во петокот го финализираа планот за интервенција и ги повикаа воените команданти да подготват ресурси откако на тимот за посредување испратен во Нигер во четвртокот не му беше дозволено да влезе во главниот град Ниамеј за да се сретне со водачот на хунтата, генералот Абдурахман Тијани.

По посетата на Мали, генералот Салифу Моди предупреди на воена интервенција, ветувајќи дека Нигер ќе стори сé што е потребно за да избегне да стане „нова Либија“, објави во петокот државната телевизија на Нигер.