Снимки од воздух го откриваат степенот на катастрофата во Јабланица: Камен, шут и кал го покрија местото
Разорните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина предизвикаа огромни штети и однесоа најмалку 16 животи, додека по многу други се уште се трага.
По обилните врнежи, поплави зафатија многу места. Катастрофа е забележана во општините Јабланица, Кисељак, Крешево, Коњиц и Фојница.
Според последните информации, во катастрофалните поплави во Јабланица животот го загубија 16 лица, додека се уште трае потрагата по десетици исчезнати лица, која продолжува од раните утрински часови.
Репортерите на „Аваз“ направија репортажа од лице место во Доња Јабланица. Фотографиите од воздух го покажуваат обемот на катастрофата што ја остави поплавата.