СОБАРКА ОСТАВИЛА СЕ ЗА 27 МИНУТИ: „Кога ја видов колешката како чисти, си ги зедов работите и си заминав засекогаш“
Знаеме дека хигиената во некои хотели и во светот и кај нас не е на завидно ниво. Од тоалетот, до кујната, до чаршафите на креветот – има многу работи кои би можеле подобро да се исчистат. Токму тоа неодамна го потврди и тиктокерка која дала отказ на работа по само половина час работа како собарка во хотел!
Тиктокерката (42) која на социјалните мрежи се претставува како „tallandfunny1982“ во своето видео на TikTok раскажа како еднаш дала отказ од работата по само 27 минути работа, а сето тоа поради постапките на колешката која работела со неа.
Имено, таа почнала да работи како собарка во хотел чие име не го открила, а веќе на првиот работен ден влегла во една од собите со колега и се шокирала кога видела како дотичниот ги чисти работите. .
Наместо метла, таа зела селотејп и со неа ги собрала сите влакна и нечистотија од подот, а потоа ја испрскала просторијата со освежувач со мирис на лаванда за „побрзо да ја заврши работата“.
Исто така, наместо да ги смени чаршафите, таа само го вакумирала и го наместила креветот, а искористените шолји за кафе не ги заменила, туку само ги изми и ги врати на масата.
„Кога го видов тоа, без размислување си ги зедов работите и си заминав засекогаш“, објаснила 42-годишната жена, која инаку не била првпат да работи како собарка .
„Кој знае што друго (не) прават“
Врз основа на коментарите, се чини дека овој метод на чистење се практикува почесто отколку што мислиме.
„Работам и како собарка, тоа ми беше најстрашно на почетокот на мојата работа“, „Ова ме тера да не одам никогаш повеќе во хотел “ , „Кој знае што друго би виделе ако останевте на работа, ужас!“, велат некои од коментарите под нејзиното видео.