Соборениот претседател на Габон е во домашен притвор, еден од неговите синови е уапсен за предавство
Сoборениот претседател на Габон, Али Бонго Ондимба е во домашен притвор, изјавија воени офицери.
„Претседателот Али Бонго е во домашен притвор, опкружен со семејството и лекарите“, рекоа тие во изјавата емитувана на државната телевизија.
Еден од синовите на претседателот е уапсен за „предавство“, се наведува во соопштението.
Група високи воени офицери во Габон изутрината преку националната телевизија објавија дека армијата ја презела власта, откако државното избирачко тело објави дека претседателот Али Бонго добил трет мандат. Офицерите рекоа дека зборуваат во име на сите безбедносни и одбранбени сили во централноафриканската држава.
Најавија дека резултатите од изборите се поништени, сите граници се затворени до дополнително известување и распуштени се државните институции. Во главниот град Либервил можеа да се слушнат силни пукотници.
„Во име на народот на Габон, решивме да го браниме мирот со ставање крај на сегашниот режим“, рекоа офицерите.
Али Бонго Ондимба и неговото семејство владееја 56 години