Глобалната просечна температура изнесувала 17 степени Целзиусови, што е зголемување од претходниот рекорд од 16,9 степени постигнат во август 2016 година.
Просечната температура во светот измерена во понеделникот на 3 јули беше рекордно висока, објави денеска Блумберг.
Глобалната просечна температура беше 17 Целзиусови степени, што е повеќе од претходниот рекорд од 16,9 степени Целзиусови, поставен во август 2016 година, според Националниот центар за предвидување на животната средина на ОК.
– Ова не е пресвртница што треба да ја славиме, тоа е смртна казна за луѓето и екосистемите. Ова е загрижувачки затоа што нема да биде најтопол ден долго време, рече постар предавач на Институтот за климатски промени и животна средина во Грантам, Фридерике Ото, и додаде дека временскиот феномен „Ел Нињо“ ќе придонесе за пробивање на поголема топлина и рекорди оваа година.
Летните горештини веќе загрозија милиони луѓе ширум светот, па Кина минува низ најновиот топлотен бран помалку од две недели откако температурите ги соборија рекордите во Пекинг, пишува Блумберг.
Покрај тоа, екстремните горештини во Индија минатиот месец беа поврзани со смртни случаи во некои од нејзините најсиромашни региони, екстремните горештини во Тексас и северно Мексико, додека Велика Британија минатиот месец беше прогласен за најтоплиот јуни досега.