Собранието ги разгледа законите за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата, а Студенчишко Блато за парк на природата
Со посебни закони, Охридското Езеро и Kањонот Матка се прогласуваат за Споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на Парк на природата. Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – Споменик на природата, додека за Охридското Езеро ваква одлука беше донесена во почетокот на оваа година, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.
Посочуваат дека второто читање во Собранието се очекува за 7 до 10 дена, по што законите треба да бидат усвоени.