Собранието ја прифати интерпелацијата против јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Со 71 глас „за“, пратениците во Собранието на РCM ја поддржаа интерпелацијата против главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поднесена од „Левица“.

Седницата усвои и заклучок во кој се наведува дека тврдењата во интерпелацијата се основани.

Пратениците на СДСМ ја напуштија салата и не учествуваа во гласањето откако претходно го соопштија својот став дека интерпелацијата нема правни последици и дека Обвинителството треба да биде независно.

Обвинителот Коцевски не учествуваше на рочиштата, а претходно писмено одговори на наводите во интерпелацијата и посочи дека наводите во неа се неосновани и општи, а дополнително дека Обвинителот е предмет на интерпелација, што е политичка категорија.