СОВЕТНИКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АРГЕНТИНА ИМА ТЕТОВАЖА НА РУСКАТА МАФИЈА: Јавноста е во шок откако се појави фотографија од младиот консултант
Советникот на претседателот на Аргентина, Сантијаго Капуто (38), според локалните медиуми, има тетоважа на руската мафија на десната рака.
– Она што го прави Сантијаго Капута посебен е тоа што неговото тело е покриено со руски тетоважи – пренесува аргентинскиот портал Noticias.
Инспирацијата за тетоважите Капутио ја нашол според порталот во книгата за руските криминалци која му ја подарил пријател.
Аргентинските корисници на социјалната мрежа Х објавија фотографија на која покажува тетоважа на подлактицата со фразата на руски:
– Колиба, дача, штедна книшка, чамец, кола и гаража ќе ми го смират каприцот – пишува на подлактицата на младиот политичар.
El tatuaje con tintes anticomunista que tiene Santiago Caputo en su antebrazo DERECHO dice “Una cabaña, una casa de campo y una caja de ahorros, un barco, un coche y un garaje calmarán mi capricho”
— Agustín 🇦🇷🫀⚡ (@Mono_Iallo) December 13, 2023
Lo sacó del “Russian Criminal Tattoo Encyclopaedia”
SANISIMO pic.twitter.com/ZBNd5tHDGC
Noticias исто така известува дека Капуто спие малку и сака мотоцикли. На фотографиите тој често може да се види со цигара.
Порталот БА Тајмс наведува дека Сантијаго, братучед на бизнисменот Ники Капуто и братучед на министерот за економија Луис Капуто, е клучна фигура во кабинетот на новоизбраниот претседател Хавиер Мајли.
Капуто досега не се појавуваше значително во јавноста, но според локалните медиуми специјалист за политички комуникации и консултации ќе ги преземе клучните владини области вклучувајќи го и донесувањето одлуки во врска со државните медиуми.
Во последните години советуваше кандидати и компании во Чиле, Уругвај, Ел Салвадор… Неговата претходна работа беше во Парагвај каде работеше на претседателската кампања на Либералната партија.
Аргентинскиот претседател Хавиер Мајли, да се потсетиме, за малку ќе беше удрен од шише на парадата неколку моменти откако положи заклетва како нов шеф на државата.