СОВЕТОТ Е ХИТ: Запреле жената (74) и ја прашале што би направила поинаку доколку повторно се роди (Видео)
Снимка од 74-годишна баба која тиктокер ја запрел на улица и ја прашал каков совет би му дала на своето помладо јас, т.е што би направила поинаку ако повторно се роди, т.е има денешна интелигенција, но на помлада возраст, се шири низ Интернет. Нејзиниот совет стана вирален на социјалните мрежи.
„Никогаш немој да мислиш дека утре ќе биде добро време. Уживај во животот секој ден. Затоа што отсекогаш мислев дека ќе бидам посреќна во иднина, утре. А потоа само работа, работа, работа. треба да ужива во животот – денес“, рекла жената.
„Тажно е што животот го поминуваме работејќи“, „Премногу работа не е добро“, „Постојано размислувам за иднината и затоа сум под стрес“, „Треба да се посветиш и да уживаш во животот бидејќи има само еден“ , се само дел од коментарите под видеото кое собра речиси пет милиони прегледи.