Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев при неговата посета на Алмати изјави дека Западот се обидува да постави клин меѓу Русија и Казахстан, мешајќи се во работите на суверените држави.
Патрушев во Казахстан се сретна со колеги од целиот поранешен советски централноазиски регион.
- САД и нивните сојузници се обидуваат да ги поддржат националистичките чувства, шират лаги, манипулираат со јавното мислење, вклучително и преку интернет и социјалните мрежи, истакна заменикот на Патрушев, Александар Шевцов.
Казахстан, земја богата со нафта е долгогодишен сојузник и економски партнер на Русија. Но, Казахстан одби да ја поддржи инвазијата на Москва врз Украина и најави оти ќе се придржува до западните санкции против Русија.