Откако синоќа министерот во БиХ Сташа Кошарац ја блокираше одлуката за влез на Палестинци, роднини на државјани на БиХ, утрово се одржа нова вонредна телефонска седница на Советот на министри, на која беше донесена одлука да им се дозволи влез пренесува Klix.ba.
Сите министри беа „за“ и сега останува да се организира патувањето од Доха до Сараево. Во авионот треба да има 20 државјани на БиХ и 30 Палестинци, роднини на државјани на БиХ.
Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, претходно изјави дека побарал од Министерството за надворешни работи на БиХ да ги достави бараните информации за точниот број на луѓе кои треба да дојдат во БиХ од Појасот Газа и дека се работи за околу 30 лица.
Нешиќ претходно изјави дека во БиХ можат да влезат само нејзини државјани и нивни блиски роднини, појаснувајќи дека се работи за родители, деца и сопружници кои имаат државјанство на БиХ.
Да потсетиме, во саботата министрите од субјектот Република Српска беа против донесувањето на оваа одлука, а поради немање кворум, одлуката не беше усвоена, така што 30 роднини на државјани на БиХ не смеат да дојдат од Газа до Босна и Херцеговина.
Министерката за надворешна трговија и економски односи Сташа Кошарац експресно беше против да се дозволи влез во земјата на лица кои немаат државјанство на БиХ. После тоа и Ненад Нешиќ и Срѓан Амиџиќ решија да не гласаат за да бидат обединети.
Граѓаните на Босна и Херцеговина кои успеале да го преминат граничниот премин Рафах се во главниот град на Египет, Каиро.
Претходно беше соопштено дека државата Катар обезбеди авион за граѓаните на Босна и Херцеговина и нивните роднини, кои беа успешно евакуирани од Појасот Газа, а ќе ги сноси трошоците за нивниот престој во Египет и превоз до Босна и Херцеговина.