Советот на Општина Маврово и Ростуше одобри 500 илјади денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија! Прогласени се и денови на жалост

Советот на Општина Маврово и Ростуше денес на вонредна седница одобри 500 илјади денари пари од општинскиот буџет за настраданите од земјотресите во Туркије и Сирија.

На седницата беа предложени две точки на дневен ред и тоа:

-Донесување на одлуката за одобрување на финансиски средства за помош на настраданите од силниот земјотрес кој ги погоди Туркије и Сирија;

-Прогласување на денови на жалост поради земјотресот што ги погоди Туркије и Сирија.

Едногласно од страна на советниците беше усвоен предлогот да се додели финансиска помош во износ од 500 000 денари за настраданите од земјотресот а деновите до 12.02.2023 се прогласуваат за денови на жалост и знамињата пред седиштето на Општината ќе бидат истакнати на половина копје.

-,,Трагедија. Нашите мисли се со братскиот народ од Турција и Сирија и постојано се молиме за нив. Во моментов ова е најмалку што можеме да направиме за нив. Изразувам длабоко сочувство и им посакувам брзо закрепнување на повредените” – изјави Медат Куртовски, Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.

Да потсетиме дека, синојка во село Ростуше во канцеларијата на Месната заедница е отворен пункт за донации каде граѓаните може да донираат храна, средства за хигиена, лекови и слично.