Поранешниот тенисер број еден во светот, а сега тренер на Холгер Руне, Борис Бекер проговори за својата поранешна соработка со Новак Ѓоковиќ.
Борис Бекер и Новак Ѓоковиќ соработуваа од 2013 до 2016 година. Германецот сега ги откри причините поради кои го напуштил стручниот штаб на Србинот.
– Бевме заедно три години, освоивме сè и повторивме. Да кажам дека историјата е испишана. Мислам дека се измори, паузирав и јас. На совршената љубовна приказна и’ дојде крајот – изјави Бекер.
Тој додаде дека имал многу други обврски по раскинувањето со Новак.
– Ништо не остана. Во исто време станав технички директор на Германската тениска асоцијација, која малкумина ја спомнаа. Не се повлеков од тенисот, многу време поминав со младиот Ѕверев, а четири години во Дејвис куп тимот. До крајот на 2021 година – подвлече Германецот.
Бекер сега е во стручниот штаб на Данецот Холгер Руне, кој моментално е осми тенисер на АТП листата.