Зошто децата се непослушни? Три работи кои родителите ги прават погрешно

Ако постојано го нервирате детето, му здодевате со сите наредби, па нема ни да ги слушне корисните работи што сакате да му ги кажете…

Доколку сакате вашето дете да биде послушно на која било возраст , а вие како родител да бидете задоволни, внимавајте да бидете доследни и истрајни во вашата одлука, да не викате и да избегнувате употреба на погрдни збориви. Ова е најкраткиот совет на здружението. на британските психолози до родителите.

– Родителството е вештина која се учи по природен пат и никогаш не може целосно да се усоврши, а не постои книга од која би ја научиле. Забележете ги вашите грешки и поправете ги – пишува „Psychologists Today“, во која наведуваат дека овие три грешки се клучни бидејќи децата постепено престануваат да ги слушаат родителите и се отуѓуваат.

Не сте доследни

Најчеста грешка што ја прави речиси секој родител е игнорирањето на своето дете кога ќе направи нешто лошо. Тоа не би било толку погрешно, но станува кога подоцна ќе го карате детето, велат експертите.

Ваквото однесување го учи детето дека ќе добие внимание во иднина кога ќе се однесува лошо. Треба да најдете средина и да му објасните на детето какви последици го очекуваат доколку не го направи тоа што вие сте го замолиле.

Премногу наредувате и викате

Ако постојано го нервирате вашето дете, сосема е можно да му здосади од сите тие наредби. Ќе научи едноставно да го игнорира досадниот глас во неговата глава, а потоа нема ни да ги слушне корисните работи што сакате да му ги кажете, се објаснува во текстот.

Ништо не го поттикнува детето да соработува повеќе од нежниот тон на гласот. Тивкото зборување ви помага да ги контролирате негативните емоции, особено гневот. Тоа го смирува и поттикнува детето.

Премногу кажувате „НЕ“, а премалку „ДА“

Дете кое премногу слуша „НЕ“ во одреден момент ќе престане да ве слуша затоа што го збунувате и фрустрирате. Исполнете го секое разумно барање на детето. Направете правило дека желбата на секое дете е исполнета – освен ако немате добра причина за тоа.

На пример, ако детето сака да јаде бонбони пред ручек, наместо да кажете „не може“ или „не може сега“, кажете се: „Да, може, но само после ручекот“.