СОВРШЕН ОДМОР – Минијатурно бикини, згодно тело, сонце и романтични вечери: Погледнете како познатиот актер ужива со 10 години помладата манекенка (фото)

По завршувањето на многу напнатата сезона на различни филмски награди и огромни номинации, актерот Остин Батлер (31 г.) и неговата девојка, манекенката Каја Гербер (21 г.), решија да се одморат од гужвите и забавите.

Каја Гербер и Остин Батлер

Батлер, кој за малку не доби Оскар за улогата на Елвис Присли, и Каја го избраа популарното одморалиште Кабо, Мексико, како совршена дестинација за уживање и капење во чистата вода, но и како момент кога можат да ја покажат нивната одлична фигура во минијатурни бикини и гаќи за капење. Папараците успеаа да забележат дека во овие денови тие се прилично мрзеливи на плажите и времето го поминуваат во читање книги (или можеби сценарио за нов филм) покрај базен или плажа, и романтични вечери.

Папараците заклучија дека на лицето на Остин Батлер нема трага на разочарување поради неосвоениот Оскар. Тој и Каја, 21-годишната ќерка на Синди Крафорд и Ранде Гербер, очигледно се многу заљубени и среќни.

Каја Гербер и Остин Батлер

Според некои извори, врската на овие двајца успешни, згодни луѓе трае од есента 2021 година, според други од јануари 2022 година. Таа раскина со Џејкоб Елроди, ѕвездата на хит-серијата „Euphoria“. Батлер беше слободен, бидејќи неговата долга, осумгодишна врска со актерката Ванеса Хјгенс заврши неколку месеци претходно.

Каја и Остин прв пат како пар прошетаа на црвениот тепих на Мет Гала. Тие разменија нежности и на премиерата на филмот за Елвис Присли, на Канскиот филмски фестивал. Тие беа забележани како страсно се бакнуваат зад сцената во јануари, откако Остин го освои Златниот глобус за најдобар актер во драмата за неговиот портрет на „Кралот на рокот“.