Дали некогаш сте помислиле дека страната на вашето тело на која спиете има одредено влијание врз вашето здравје? Токму така е
Ако можете да верувате во некои студии, најдобрата положба за здравјето е на левата страна.
Постојат овие 6 причини зошто е добро да спиете на левата страна:
1. Ја подобрува функцијата на лимфниот систем
Лимфниот систем игра клучна улога во нашето тело, бидејќи ги елиминира отпадните материи и токсините од телото. Експертите велат дека најголемата жлезда на лимфниот систем се наоѓа токму на левата страна од телото, а кога спиете на таа страна, отпадот ефикасно се отстранува од телото.
Исто така, лимфниот систем е одговорен за транспорт на масти, протеини и други важни материи за нашето тело, додека лежењето на левата страна на телото овозможува овие хранливи материи побрзо да стигнат до клетките, пренесува Телеграфи.
2. Слезината ја врши својата работа подобро
Слезината е најголемиот орган во лимфниот систем и се наоѓа на левата страна од телото. Кога спиете на левата страна, слезината работи најефикасно.
Главната причина за тоа е гравитацијата, која ја поттикнува циркулацијата на крвта во слезината и на тој начин овозможува брзо филтрирање на нечистотиите.
3. Промовира правилна елиминација на отпадните материи
Спојот помеѓу тенкото и дебелото црево е на левата страна од телото, па како и слезината, гравитацијата им помага да работат.
Затоа, спиењето на левата страна од телото го олеснува транспортот на отпадот од тенкото црево до дебелото црево. На овој начин побрзо ќе се извади се што треба да се извади од телото преку дебелото црево.
4. Може да го намали интензитетот на горушица во текот на ноќта
Ако имате чести проблеми со горушица, тогаш добро ќе биде да стекнете навика да спиете на левата страна. Во таа положба, вашиот сфинктер ќе биде лоциран под јамката на срцето, прстенестиот мускул кој се наоѓа помеѓу хранопроводникот и сфинктерот, а неговата задача е да ја спречи содржината да се врати во хранопроводникот.
5. Помага црниот дроб да не се преоптоварува
Бидејќи црниот дроб е на десната страна од телото, лежењето на десната страна може да изврши притисок врз тој орган. Затоа, ако спиете на левата страна, црниот дроб нема да биде преоптоварен со токсини и други штетни материи.
6. Тоа е добро за вашето срце
Левата страна на срцето прима крв од белите дробови и ја пумпа низ телото. Токму затоа, спиењето на левата страна може да му помогне на вашето срце полесно и поефективно да ја врши својата работа.