– Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.
Според прогнозата На УХМР, утре (понеделник), под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.
Кон крајот на денот утре и во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.
-Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури, најави Управата за хидрометеоролошки работи.