СВР Тетово соопштува дека синоќа во Гостивар се случила трагична несреќа каде што животот го загуби 18-годишник.
„Денес (29.07.2025) во 01:40 часот, пријавена е сообраќајна незгода на улицата „Илинден“ во Гостивар, помеѓу возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од И.М. (38) од гостиварското село Балиндол и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б. (18) од Гостивар.
Мотоциклистот починал од повредите на местото на несреќата, додека лекар од итната помош констатирал смрт.
Возачот на возилото И.М. е лишен од слобода, додека по наредба на јавен обвинител, вештачењето го изврши екипа од СВР Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен извештај“, се наведува во соопштението на СВР Тетово.