Сообраќајна несреќа во Куманово: Едно лице загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 13 часот на автопатот Куманово-Крива Паланка, соопшти денес Полициската станица Куманово.

„Полициската станица Куманово е известена дека на автопатот Куманово-Крива Паланка, во населбата Карпош, Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило и патничко возило „Пежо“, управувано од Б.С. (71) од Куманово. Од повредите Б.С. починал на местото на настанот, додека смртта ја констатирал лекар од брза помош. Истрагата е во тек“, соопшти кумановската полиција.

Од Одделот за итни случаи соопштија дека нивна екипа излегла на местото на настанот.

„Нашата екипа веднаш излезе на местото на настанот и лекарот констатира смрт“, изјави д-р Бленд Алији, началник на Одделот за итна медицинска помош во Куманово.

Сообраќајот на овој пат е затворен поради полициски увид.