Сопругата го уценува поранешниот фудбалер: Му побарала милион евра за да ги види децата, а потоа му рекла дека не се негови!
Мевлут Ердинч, поранешен репрезентативец на Турција и фудбалер на ПСЖ, Фенербахче, Реан и Баскешехир, на социјалните мрежи објави пораки во кои неговата сопруга го уценува. Таа му бара милион евра за да може да си ги види децата.
,,Мојата сопруга не ми дава никаков одговор пет месеци и ме спречува да се видам со моите деца. Не знам каде се…”, напиша фудбалерот на Инстаграм.
Тој додаде дека се слушнал со својот син кој долго време не го видел.
,Pазговарав со мојот син во саботата бидејќи успеав да стапам во контакт со сопругата преку е-пошта. Напоменав дека ќе префрлам еден милион евра на нејзината сметка. Се венчавме на почетокот на мојата кариера, а сега кога се пензионирав таа сака да ме остави“, рече тој.
Мевлут добил одговор од сопругата кој длабоко го повредил.
„Дури и жена ми ми кажа дека децата не се мои. После толку години врска и брак тоа ми го кажа. Бев долго време далеки од дома како и сите фудбалери, натпревари секој викенд, тренинзи. Ме натера да се сомневам. Побарав ДНК тест, но таа не ми дозволи“.