Сопругата на арапски милионер откри кој е најскапиот подарок кој го добила: Запрепасти многумина, а еве дали нивниот брак е договорен (фото)

Сопругата на арапскиот бизнисмен и милионер Џамал ​​Бин Надак, инфлуенсерката Соуди, одговараше на прашањата на нејзините следбеници на Инстаграм.

„Кои се заедничките карактеристики меѓу тебе и твојот сопруг?“, праша една следбеничка, а таа одговори: „И двајцата сакаме да патуваме“.

„Дали вашиот брак е од љубов или договорен?“, ја прашаа а таа открии: „Љубов“.

„Кој е најскапиот подарок што ти го купил сопругот?“ е едно од прашањата што ги доби, а Соуди објави фотографија од чанта „Хермес Биркин“ која чини неколку десетици илјади евра.

Инаку, сопружниците се во брак три години и живеат во Дубаи. Инфлуенсерката неодамна објави видео каде откри колку пари потрошил нејзиниот сопруг за неа за една недела.

„200 долари на луксузно кафе, 50.000 долари на шопинг, 500.000 долари на патување во Европа, 1.500 долари на вечера, 1.200 долари на салон за убавина“, се пофалила таа.