Сопругата на еден од најдобрите НБА играчи открива интимни детали за нејзиниот сопруг од спалната соба: “Стеф Кари има фетиш, особено му се допаѓа еден дел од моето тело!“

Ајеша Кари, сопругата на познатиот НБА кошаркар Стеф Кари, во една емисија проговори за интимните детали од нивниот брак.

Кошаркарот и актерката се во брак од 2011 година и имаат три деца. Нивниот брак се смета за еден од најстабилните, па многумина се заинтересирани за тоа што го прави толку силен.

Ајеша Кари во емисија откри дека Стеф Кари многу ги сака нејзините стапала. Сопругата на двократниот МВП играч на НБА и член на Голден Стејт Вориорс призна дека тој има посебен однос со нејзините нозе.

Мојот сопруг ги сака моите стапала. Еден ден светлината ми ги осветли стапалата на необичен начин и си помислив: Ајде да му пратам фотографија. Оттогаш знам, кога ќе побара секси фотографија, токму тоа го добива – фотографија од моите боси стапала“, открива Ајеша Кари.