Сопругата на Канје Вест излезе целосно гола: Предизвика јавен бес со највулгарното издание до сега – забранет и е влез во ресторани, на жените им олесна и Бјанка има целулит (Фото)
Неколку угостители од Лос Анџелес одлучија да и забранат на контроверзната двојка Бјанка Сенсори и Канје Вест да влегуваат во нивните ресторани, поради скудните модни комбинации во кои се појавува контроверзната сопруга на славниот рапер.
Како што веќе пишувавме, Бјанка Сенсори во саботата се појави во ресторан со својот сопруг во полуголо издание, а сега изгледа дека конечно е прелиена чашата. Имено, Бјанка се појави целосно со голи гради и буквално се беше на повелете. Таа носеше топ од тул кој апсолутно ништо не остави на фантазијата.
Место здолниште или панталони таа облече женски боксерки, кои исто така повеќе откриваа отколку што покриваа, а погледот го сокри под маскирна капа.
Ова беше поттик за некои ресторани да преземат драстични мерки кога станува збор за Бјанка и Кање.
„Ако јас сум сопственик на која било установа во која има намера да влезе оваа двојка, ќе им кажам, од почит кон моите гости, дека не смеат да влезат“, „Како може некој пристоен ресторан да смести клиент што го носи тоа? Дури и супермаркетите во лето имаат натписи кои бараат да се носат кошули од хигиенски причини“, смета една група угостители, а како што пренесува Daily Mail, со нив се согласиле и бројни други ресторани.
„Порано ви забрануваа да влезете во ресторан поради кодексот на облекување ако не носевте вратоврска. Како што се сменија времињата, сега можете да влезете и да вечерате речиси голи“, „Ниту еден сопственик или менаџер на ресторан што се почитува себеси не би ги пуштиле да влезат така облечени освен ако не платат однапред за да го резервираат целиот ресторан, па тоа е нивно приватно место додека се таму“, додаде друг.
Bianca Censori bares all in tiny swimsuit for clothing production meeting with Kanye West https://t.co/NIRCQtkSQw pic.twitter.com/IHCx1XCY7L
— Page Six (@PageSix) June 1, 2024
Да потсетиме, Сенсори се прослави по своите „храбри модни комбинации“, но се чини дека се повеќе луѓе тоа не го одобруваат. Многумина го обвинуваат Канје Вест бидејќи е познато дека и тој и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан се облекувале како што сака.