Сопругата на познат актер почина на 51-годишна возраст од анорексија

Кејша Неш Витакер, поранешна сопруга на актерот Форест Витакер, почина на 51-годишна возраст по битка со анорексија.

Ќерката на поранешната двојка Тру Витакер (25) во четвртокот ја потврди трагичната вест на својот Инстаграм профил, кога во потресна објава ја нарече мајка си „најубавата жена на светот“, но не даде детали за причината за смртта. Но, поради анорексија имала стомачни проблеми и долго време била во болница.

Извор за DailyMail вели дека Кејша Неш Витакер починала на почетокот на оваа недела откако била во и надвор од болница во последните неколку месеци поради проблеми со цревата по долгогодишната битка со анорексија.

Форест остана покрај неа во тие тешки моменти, но веќе следната година тој поднесе барање за развод во 2018 година по повеќе од 20 години брак. Витакер (62) и Неш-Витакер се венчаа во 1996 година и имаат две ќерки, Сонет (27) и Тру (25).

Тие останаа пријатели и нивниот развод беше пријателски, но бидејќи Витакер рече дека неговата сопруга е „љубезна, духовита, бистра и весела, како и добра мајка за нивните деца“, немаше причина тие да не останат во пријателски односи.

Вака нејзината ќерка се прости од мајка си по нејзината смрт:

„Збогум мамо. Те сакам засекогаш и повеќе. Најубавата жена на светот… ти благодарам што ме научи на сè што знам. Ќе те видам во моите соништа и ќе те почувствувам во моето срце.

Кејша беше во брак со Форест речиси 20 години и заедно имаат две ќерки – Тру и Сонет. Таа има и ќерка Ејтум од претходната врска, а тој синот Оушн од друга врска.

Тие се венчаа во 1996 година во Јамајка, пред тој на крајот да поднесе барање за развод во 2018 година, наведувајќи ги непомирливите разлики. Двојката се запозна во 1994 година на снимањето на филмот „Blown Away“.