ФОТО | ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ, БОКИ 13 НА СЛОБОДА – Бојан Јовановски со фотографија од пред соборниот храм си ја “честиташе“ слободата

Поранешната ријалити-ѕвезда, шоумен, но и осуденик и затвореник, Бојан Јовановски попознат како Боки 13, неодамна излезе на слобода од затворот „Идризово“ во Скопје.

Боки 13 доби прекин на казната поради лошата здравствена состојба во која се наоѓа, за која кривичен суд добил докторски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми. 

Адвокатот на Бојан Јовановски, Владимир Туфегџиќ, посочува дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако задоцнета, е праведна.

Ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочи пред една недела бранителот на Боки 13.

По една недела откако доби прекин на затворската казна, Бојан Јовановски ја објави првата фотографија на неговите профили на социјалните мрежи.

Боки 13 се фотографираше пред Соборниот храм во Скопје и напиша:

Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ на помош, прво и најважно здравје, па потоа се ќе си дојде на свое место. Благодарам на сите добронамерни луѓе за поддршката и убавите зборови за целиот изминат пеколен период“, објави Бојан Јовановски.

Бојан Јовановски