Сопругата на ѕвездата на Баерн, јавно му ја подари љубовницата! Револтирана сопруга јавно го остави фудбалерот преку инстаграм – остави моќна порака! (ФОТО)
Баерн Минхен има катастрофална сезона. Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите им одржа фудбалска лекција, испаднаа од Купот, а по шамарот што го добија од Мајнц во саботата, Дортмунд ги отстрани од лидерската позиција во Бундеслигата.
И покрај сите маки, најголемите ѕвезди на тимот cè почесто ги полнат страниците на таблоидите со свои афери надвор од теренот.
Така францускиот репрезентативец Лукас Ернандез се најде во центарот на нов скандал кој го потресе Баерн.
Еден од најдобрите играчи во Бундеслигата на Светското првенство во Катар заработи тешка повреда поради која го пропушти остатокот од сезоната. Сепак, иако не е на теренот, љубовниот скандал го стави во центарот на вниманието.
Имено, неговата сопруга Амелија Љоренте Оса решила да го остави поради прељуба. Во својата шокантна објава на Инстаграм, Амелија откри дека фудбалерот има љубовница и не само тоа – таа ѝ го откри името и ѝ порача дека со задоволство ѝ го дава сопругот.
,,Престани да играш на две страни, Лукас. Кристина, ти го давам мојот сопруг. А ти, Лукас, не заборавај дека имаш две деца кои воопшто не доаѓаш да ги видиш“, напиша на Инстаграм огорчената сопруга на познатиот фудбалер.
Лукас и Амелија имаа исклучително турбулентна врска која ја одбележаа бројни скандали. Фудбалерот пред пет години во алкохолизирана состојба ја претепал сопругата, но ниту таа не му останала должна, па и двајцата добиле кривична пријава.
Ернандез потоа доби забрана за приближувањр на Амелија, но подоцна тие се помирија и добија две деца.