Сопругот и купил остров од 50 милиони долари за да може без проблем да носи бикини: Луксузниот живот на домаќинка од Дубаи
Инфлуенсерка од Дубаи тврди дека нејзиниот сопруг милионер и купил приватен остров за да може да се чувствува безбедно на плажа.
Жена од Дубаи тврди дека нејзиниот сопруг милионер и купил приватен остров само за да може да се чувствува безбедно на плажа.
Имено, Соуди Ал Надак (26) на Инстаграм сподели видео од приватен остров со натпис: „ПОВ: Сакаше да облечеш бикини, па сопругот милионер ти купи остров“.
Оваа Британка е сопруга на бизнисменот од Дубаи Џамал Ал Надак и се опишува себеси како „домаќинка со полно работно време“. Како што открива таа, се запознале додека студирале во Дубаи и се во брак повеќе од три години.
Покрај тоа, оваа богата домаќинка е позната и како „влијателна личност“ – поради бројот на следбеници што ги има на нејзините профили на Инстаграм и ТикТок каде го покажува својот раскошен начин на живот. Во само едно видео, парот купува дијамантски прстен од милион долари и инвестира уште два милиони долари во уметнички дела – сето тоа за еден ден.
Животот на приватен остров
Видеото на Соди Ал Надак во кое тврди дека нејзиниот сопруг и купил цел остров стана вирално на Инстаграм, собирајќи над 2,4 милиони прегледи за помалку од една недела. Зборувајќи за HT.com, инфлуенсерката од Дубаи рече дека таа и нејзиниот сопруг планирале да го купат островот како инвестиција.
„Тоа беше нешто што сакавме да го направиме некое време како инвестициска стратегија и мојот сопруг сака да се чувствувам безбедно на плажата, па затоа и купи“, рече таа.
Соуди одби да ја открие точната локација на островот поради приватност и безбедносни причини, но рече дека нејзиниот сопруг, Џамал, издвоил огромни 50 милиони долари за имотот.
– Од причини на приватност не ја споделуваме точната локација, но таа е во Азија и чини 50 милиони долари – објаснила таа, а дел од островот може да се види во нејзиното видео.
Порака до хејтерите
Таа привлекува и големо негативно внимание на мрежите, бидејќи често ја обвинуваат дека премногу се „фали“. Нејзиниот профил е полн со фотографии и видеа на кои се прикажани гламурозни одмори во странство, фенси вечери, пазарење во дизајнерски бутици и други различни погледи на нејзиниот привилегиран начин на живот.
Нејзиното видео за приватен остров, исто така, предизвика бурни реакции, при што некои следбеници дури ја доведуваат во прашање автентичноста на нејзините тврдења.
– Не разбирам зошто толку многу ме мразат, бидејќи едноставно сакам да го споделам мојот начин на живот со сите – прашува Соуди.