Сопругот плаќа 250 долари за чистачка, а парите завршуваат во џебот на жена му

Во видеото, кое е прегледано повеќе од седум милиони пати, тиктокерката објаснува како нејзиниот сопруг ѝ плаќа на чистачката секој месец без да знае дека тоа е всушност таа.

“На први во месецот од банкарската сметка на мојот сопруг излегуваат 250 долари. Тоа е за нашата домашна чистачка. Куќата се чисти темелно секој први во месецот”, објаснува таа во видеото на кое самата ја чисти куќата со правосмукалка.„Барав чистачка пред многу години, кога бев бремена и повраќав 10 пати на ден и во исто време се грижев за нашето едногодишно дете“, рече таа.Нејзиниот сопруг тогаш ѝ рекол дека не можат да си дозволат чистачка, но пред неколку месеци ја прашал дали сè уште сака чистачка и тие се договориле сумата да биде 250 долари.Брајана решила да ги задржи парите за себе: „Она што тој не го знае е дека јас сум таа која темелно ја чисти куќата секој 1-ви во месецот. Парите само ги ставам во џеб. Мислам дека ќе ги искористам тие пари да најдам ново, скапо хоби. Се чини дека на мојот сопруг не му пречи“.

Во описот на видеото таа прашува дали некој има препорака за скапо хоби, а луѓето побрзаа да ја коментираат нејзината идеја.

„Бидејќи се работи за темелно чистење, вашиот „чистач“ треба да наплати најмалку 500 долари“, се пошегува еден Тиктокер.

@themamabrianna anyone got an expensive hobby recommendation? 🙃 #wivesoftiktok #wifelife #cleantok #cleanwithme #sahm #stayathomemom #sahw #marriedlife #marriagegoals #husbandsbelike #golfwife ♬ Euphoria – Amanda Rosa

Сепак, само малкумина забележале како на самиот крај Брајана им се обрати на сите жени кои се малтретирани од нивните партнери и им кажа дека ова е една од идеите што може да им помогне да соберат пари и да ги напуштат партнерите.