Сораја се појави во Загреб и сите ги изненади со својот изглед: Старлетата наговестува нов тренд – погледнете за што станува збор (ФОТО)
Старлетата Сораја Вучелиќ беше ,,фатена” пред два дена на настапот на пејачката Ана Николиќ во Загреб, а нејзиното појавување шокираше многумина.
Таа за таа пригода избра црвен фустан со огромно деколте, а вниманието на сите го привлече еден детаљ.
Имено, Сораја носела аксесоар од 2.000 евра – обетки од познат светски бренд.
Покрај тоа, најголемо внимание привлекоа нејзините веѓи кои се навистина долги, што на сите им беше чудно, па многумина се запрашуваа за каков тренд станува збор.
Бидејќи има направено бројни пластични операции на лицето и телото, постои можност да ги пресадила и веѓите, но очигледно претерала.
Да потсетиме, Сораја Вучелиќ ја криеше бременоста од очите на јавноста, но и таткото на детето. Таа се породи пред неколку недели и на свет донесе момче на кое му го даде името Кан.