Левандовски сака да остане во Барселона

– Полскиот напаѓач во редовите на Барселона, Роберт Левандовски (34), рече денеска оти се надева дека уште долго ќе остане во каталонскиот клуб.

Левандовски, кој дојде од Баерн Минхен е водечки стрелец сезонава во Ла Лига со 15 голови, а уверен е дека и натаму може да игра на врвно ниво.

„Не размислувам колку долго ќе останам во Барселона. И натаму мислам дека можам да играм уште неколку години на високо ниво, но не знам колку. Сигурен сум дека нема да биде една или две, туку повеќе. Се надевам дека ќе останам тука многу години. Сега го разбирам значење на слоганот – Повеќе од клуб (Mes que un Club)“, изјави Левандовски за Барса Магазин.

Барселона е првопласирана на табелата во шпанското првенство со девет бодови предност пред второпласираниот Реал Мадрид.