СОСЕДИТЕ НА ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ ЗАБАРИКАДИРАЛ ВО КУЌА ВО ГЕРМАНИЈА: Одеднаш слушнавме 20 до 30 истрели! ДРАМАТА СЕ УШТЕ ТРАЕ!
„Билд“ разговараше со сосетката Никол Хеншел (44) од Вијерица.
“Го познавам човекот, живеам на 20 метри од него. Тој живееше тука неколку години, секогаш беше пријателски настроен и никогаш не се истакнуваше како непријатен. Партнерката му раскина и ги зеде децата со себе . Полицијата беше насекаде низ селото. Околу 12:30 часот. Одеднаш слушнав 20 до 30 истрели! Лудо!“, рекла таа.
Од полицијата за „Билд“ потврдија дека во саботата вечерта дошло до размена на оган со неколку истрели. За среќа, никој не е повреден.
Покрај специјалните сили на полицијата, од саботата утрото на лице место е и преговарачка група, јавува „Маркише алгемајне“. Полицијата распореди околу 80 припадници.
„Се преземаат мерки за негово фаќање“, изјавил директорот на полицијата Кристијан Хил за Markische Allgemeine. Полицијата ги замолила оние што живеат на таа улица да не излегуваат од дома.
Мајка и дете успеале да побегнат од куќата
Со мажот во куќата живееле мајка и дете. Како што информира полицијата за „Билд“, жената меѓу полноќ и 1 часот по полноќ успеала да излезе од куќата со детето.
Детето оттогаш е под грижа на Канцеларијата за заштита на млади.
„Билд“ објави дека причина за инцидентот е расправија околу старателството над детето.