Соседите на Шинејд О’Конор открија како пејачката се однесувала неколку дена пред нејзината смрт

По веста за смртта на ирската пејачка Шинејд О’Конор, се огласија нејзините соседи. Во интервју за Дејли Мејл, тие рекоа дека Шинејд била „среќна и насмеана“ неколку дена пред нејзината смрт.

“Последниот пат кога ја видов беше пред околу две недели. Изгледаше среќна, се смееше. Беше со пријателка. Во средата околу 17 часот видов како брза помош излезе пред нејзината куќа. Многу ми е жал“, рекол еден од соседите.

“Се сеќавам дека цела ноќ ги држеше светлата вклучени и прозорците отворени. Разговараше со локалното население, луѓето знаеја која е. Тоа е многу тажно. Не би рекол дека сум нејзин обожавател, но ја сакав песната која ја направи позната,“ продолжи друг сосед.

Полицијата објави извештај за смртта 

За потсетување, Шинеад О’Конор почина вчера на 56-годишна возраст. Денеска полицијата објави извештај за нејзината смрт .

„Полицијата беше повикана во 11.18 часот во средата на 26 јули по пријава за жена која не реагирала, на станбена адреса во областа СЕ24. Полицијата се појави на лице место. Кај 56-годишната жена била констатирана смрт на местото на настанот“, соопшти полицијата во соопштение за печат. 

„Информирани се блиските. Смртта не се третира како сомнителна. Ќе биде подготвен извештај за судскиот вештак“, се додава.