СОСТОЈБАТА Е ЗАГРИЖУВАЧКА: Ајакс се огласи за здравствената состојба на Едвин Ван Дер Сар

Поранешниот голман води важна битка.

Фудбалскиот свет го потресе веста за мозочниот удар што во петокот го доживеа Едвин Ван Дер Сар, поради што беше хоспитализиран во болница во Сплит.

Донеодамнешниот негов клуб Ајакс, каде што ја имаше улогата на извршен директор, се огласи во име на неговата сопруга Анемари Ван Дер Сар.

  • Едвин Ван Дер Сар ќе остане на интензивна нега во следниот период. Неговата состојба е стабилна, но сепак загрижувачка. Семејството заедно со Ајакс е длабоко благодарно и трогнато од многуте пораки добиени од навивачите – се наведува во соопштението.

Славниот голман кариерата ја започна во Ајакс. Остави длабока трага во Јувентус и особено Манчестер Јунајтед, а играше и за Фулам.