СОСТОЈБАТА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА! Се уште гори солитер во Албанија, жариштето достигна ГОЛЕМИ РАЗМЕРИ – Евакуирани станарите

По повторното активирање на пожарот во 12-катницата во албанскиот град Љушње , ситуацијата повторно се отежнала и пламените јазици излегле од контрола , па војската морала да им помогне на пожарникарите.

Најавено е дека повторно активираното жариште добило големи размери . Пламените јазици веќе зафатија два ката од зградата, поточно третиот и четвртиот.

Се наведува и дека се евакуирани жителите од зградите во близина на зградата зафатена од пламените јазици , а пламените јазици целосно го уништиле четвртиот кат од трговскиот центар каде се наоѓале неколку фирми.

Да потсетиме, пожарот избувнал на третиот кат од оваа зграда, каде што се наоѓа трговскиот центар „Метропол“, а потоа пламенот се проширил и кон зградата .

Од 4-ти до 12-ти кат има станбени простории, од кои се евакуирани сите жители.

Во меѓувреме, како што соопшти полицијата, по претходното нормализирање на состојбата, соопштено е дека во болница се 39 граѓани , како и уште тројца пожарникари.