Состојбата со сезонскиот грип во Македонија е стабилна, пикот се очекува да биде кон крајот на февруари
„Состојбата со грипот е стабилна, се очекува во овој период од годината да има заболени од сезонски грип, но нема драстично зголемување на заболените и болниците не се полни.
Ова го соопшти Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести. Тој рече дека има се помалку случаи на Ковид, а пикот на типови на грип се очекува да биде на крајот на февруари и почетокот на март.
За големата кашлица, која е бактериска, а не вирусна болест, Мехмедовиќ рече дека во земјава има само два случаи, за разлика од земјите од регионот (Србија, Црна Гора и Хрватска) каде има илјадници случаи.
Мехмедовиќ рече дека состојбата со голема кашлица е подобра поради подобра вакцинација