Состојките во оваа риба го намалуваат холестеролот и притисокот и е 10 пати поефтина од лосос: Секој треба да ја јаде секој ден (фото)

Скушата има богат, специфичен вкус и се смета за една од најхранливите риби. Таа е богат извор на протеини, витамини Б2, Б3, Б6 и Б12, како и многу важен витамин Д.

Месото од скуша содржи и многу минерали, како што се бакар, селен и јод. Спаѓа во категоријата масни риби и е богата со омега-3 масни киселини.

Овие масти се важни за здравјето на срцето и мозокот. За да се обезбедат 1.000 милиграми омега-3 масни киселини, што е препорачаниот дневен внес, доволно е да се изеде само 85 грама скуша.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно јадат скуша имаат понизок крвен притисок и помалку холестерол во крвта. Резултатот е дека има помалку наслаги во артериите, а срцето не мора да „работи“ толку тешко за да пумпа крв.

Омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во скушата, особено DHA, играат голема улога во развојот на мозокот. Тие го контролираат ослободувањето на природни хемиски супстанции кои ја поддржуваат неговата работа. Затоа се препорачуваат за луѓе кои патат од депресија и некои други психички проблеми.

Благодарение на витаминот Д, скушата е добра и за здравјето на коските. Заедно со него, бакарот и селенот, кои се наоѓаат и во скушата, се важни за густината на коските.

Лекарите препорачуваат мрсната риба да биде на менито најмалку два пати неделно.

Во оваа категорија спаѓаат и туната и лососот – за жал десет пати поскапи од скушата.