Софија Варгара ја откри причината за разводот! Актерката долго молчеше, но сега ја кажа вистината: „Подготвена сум да бидам баба!“

Вестта за разводот на актерката Софија Вергара и Џо Манганиело минатата година ги шокираше нивните обожаватели ширум светот, а колумбиската актерка сега во интервју за шпански „Ел Паис“ ја откри вистинската причина за неочекуваниот крај на љубовта.

– Бракот ми се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не би било фер кон бебето. Почитувам кој и да го прави тоа, но тоа веќе не е за мене. Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка – изјавила таа.

Софија Вергара

За потсетување, Софија Вергара и Џо минатата година објавија дека се разведуваат по седум години брак , пишува Page Six.

– Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека преминуваме во оваа нова фаза од нашиот живот – се наведува во заедничката изјава за медиумите.

Актерот со хрватско потекло ја запроси ѕвездата на „Модерно семејство“ на Бадник во 2014 година на Хаваи за време на зајдисонце. Поминаа шест месеци откако почнаа да излегуваат. Тие го кажаа судбоносното „да“ во ноември 2015 година.