Социјалните мрежи ,,горат” поради брадавиците на првата дама на Црна Гора! ,,Како може, таа сè уште е доилка!” (фото)

На Твитер се нема милост, па ни црногорската прва дама не помина без да ја коментираат корисниците на оваа социјална мрежа. Имено, таа на свечен настан носеше долг златен фустан – но овој детаљ го привлече вниманието на сите.

„Малку е вулгарно за прва дама“, напишале некои, а еве што вели нејзиниот сопруг, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На приемот по повод Националниот празник присуствуваа Јаков Милатовиќ и неговата сопруга Милена Милатовиќ, а нивниот прв танц го следеа будните погледи на сите посетители и медиумите. Милатовиќ имаше облечено одело со жолта вратоврска која одлично се совпаѓаше со златниот фустан на неговата сопруга Милена.

Детаљ на фустанот кој сите го забележаа

Таа носеше долг, елегантен фустан во златно жолта боја, а особено интересни беа прерамките и деталите што го следеа нејзиниот врат, сè до половината.

Сепак, тоа не беше сè што забележаа луѓето на Твитер, тие истакнаа и дека на првата дама на Црна Гора и’ се забележуваат брадавиците. Многумина веднаш притрчаа во нејзина одбрана, особено што, како што многумина истакнуваат, таа пред скоро се породила и сè уште дои.

– Буквално на ниту една слика не се гледаат градите на жената, плус дои неколкумесечно бебе. Сè е нормално во тој период.

– Како и секогаш, коментарот кажува повеќе за тој што го дава, отколку за оној на кој се однесува…

-Додека во Германија на базените се укинува носење на горниот дел од костимот за капење, Балканот сè уште бара некој на кој му се видливи брадавиците…

Некои ја бранеа, а други го споделија мислењето на тој што ја сподели фотографијата

– Не оспорувам ништо од горенаведеното, но на вакви церемонии треба да се внимава на таквите детали токму затоа што може да се случи вакво нешто во тој период, додаде твитерџиката.

– Не доликува вака да се појавува во јавноста, не го оправдувајте, додаде друго лице.

Коментарот на Јаков Милатовиќ

Претседателот на Црна Гора реши да не молчи на оваа твитер дебата, па реши самиот да го коментира „случајот“. Тој на својот профил го напиша следново:

– Морам да ја разочарам твитер-јавноста. Не се работи за телесниот туку за текстилниот, напиша тој.