СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГО “УНИШТИЈА“ ОМИЛЕНИОТ МОДЕН БРЕНД НА МАКЕДОНЦИТЕ – Познатата модна компанија конечно се огласи: “Се беше планирано во јули, а се се случи во октомври…“

Една од најголемите меѓународни модни компании „ZARA“ („ЗАРА“) конечно се огласи и соопшти дека жали за недоразбирањето што го предизвика нејзината најнова рекламна кампања. 

Имено, тие беа цел на жестоки критики за користење фотографии кои потсетуваат на војната на Блискиот Исток, односно масакрот во Појасот Газа. По неколкудневни реакции на социјалните мрежи, останатите фотографии од рекламната кампање се повлечени, пишува BBC. Покрај нападите на социјалните мрежи, клиентите почнаа масовно да ја враќаат облеката во продавниците на „ZARA“.

На една од фотографиите, инаку, се гледа како манекенка (модел) држи кукла завиткана во бела пластика. „ZARA“ тврди дека некои клиенти виделе нешто повеќе од она што било замислено кога биле направени фотографиите.

Според „ZARA“, кампањата била замислена во јули и фотографирана во септември, а нападот на Хамас во Израел се случи на 7. октомври. Кампањата наречена „The Jacket“ опфати серија фотографии на кои манекенка стои во средина со оштетени статуи, скршени гипс картони и испукани карпи.

Откако на социјалните мрежи се проширија коментари дека кампањата личи на фотографии кои доаѓаат од Појасот Газа, „ZARA“ се правдаше дека фотографиите претставуваат серија недовршени скулптури во студио на скулптор со цел да се прикаже рачно изработена облека во уметнички контекст.

Фотографиите потоа беа отстранети, а „ZARA“ уште еднаш им се извини на клиентите за недоразбирањето и ја изрази својата почит кон сите. Агенцијата за стандарди за рекламирање (АСА) примила 110 поплаки за кампањата на „ZARA“, кои во моментов се разгледуваат.

Поднесувачите тврдат дека фотографиите се однесуваат на актуелниот конфликт меѓу Израел и Хамас и дека се навредливи“, изјави портпаролот на агенцијата.