СОЧНО И МЕКО ВО ИСТО ВРЕМЕ – Идеален за есента што доаѓа: Превртен колач со јаболка се прави многу лесно
Кога ќе се спомнат десертите од јаболка, гурманите и љубителите на слатки најмногу помислуваат на стари рецепти. Еден таков рецепт во кој јаболката се главна состојка е таканаречениот превртен колач.
Рецептот е многу едноставен и е направен од основни состојки.
Состојките за калап со дијаметар од 20 сантиметри се:
три јајца на собна температура
150 грама брашно
една кесичка прашок за пециво
70 грама шеќер
една кесичка ванилин шеќер
100 грама стопен путер
три јаболка
три лажици шеќер
цимет
Подготовка:
Во сад со миксер се матат јајцата, ванилинот и обичниот шеќер. Потоа додадете просеано брашно и прашок за пециво и повторно изматете со миксер. На крајот додадете го растопениот путер и матете додека не добиете изедначена смеса.
Потоа излупете ги јаболката и исечете ги на коцки. Обложете го калап со дијаметар од 20 см со хартија за печење. Наредете ги јаболката, посипете ги со шеќер и цимет и измешајте. После тоа прелијте ја смесата која претходно сте ја изматиле.
Печете го колачот на 180 степени во загреана рерна околу 30 минути. Кога колачот е готов, внимателно извадете го калапот и превртете го на другата страна и вратете го во рерна три минути за да добие крцкава златна кора.