Сојузните држави во САД ја тужат компанијата МЕТА за нарушување на менталното здравје на младите луѓе
Група од 33 американски сојузни држави, меѓу кои Калифорнија и Њујорк, денес поднесоа тужба против компанијата МЕТА за наводно оштетување на менталното здравје на младите луѓе и свесно дизајнирање функции на Инстаграм и Фејсбук што ги прават децата зависни од тие социјални мрежи.
Во тужбата поднесена до судот во Калифорнија се додава дека МЕТА рутински собира податоци за деца помлади од 13 години без согласност на нивните родители, што е кршење на федералните закони, јавија американските медиуми.
„Децата и тинејџерите страдаат од лошо ментално здравје, а виновни се компаниите за социјални мрежи како МЕТА“, порача њујоршката обвинителка Летиша Џејмс.