,,Со Душко разговарам преку дадилката, децата и адвокатот” – Карлеуша ги спомна старлетите и ги изненади сите: Никој не ме сака а убава сум (фото)

Јелена Карлеуша оваа сабота за првпат се појави во студиото на Телевизија Курир, во емисијата „Диван шоу“.

Поп ѕвездата беше видно расположена и отворена за сите теми, а друштво и’ правеше нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Дејан Милиќевиќ.

Јелена Карлеуша

Дејан евоцира спомени и од снимањето на спотот за дуетот „Preźiveću“ кој своевремено го сними со Јелена.

– Никогаш нема да заборавам, снимавме пред „Бигз“ – а потоа се приклучи и пејачката:

– Што cè не направивме јас и Дејан? Мојот прв дует и спот кој навистина покажа дека сум подготвена на сè. Човекот многу лесно ме убеди да трчам и да шетам голa среде газела среде зима и да чекам автостоп. Никој не застана, дури ни полициската кола која помина – низ насмевка раскажа Јелена.

Пејачката откри и дека моментално нема директна комуникација со сопругот Душко Тошиќ.

– Србите сакаат да се занимаваат со мојот приватен живот и со мојот брак. За жал. Со сопругот Душко разговарам преку дадилката и децата. И адвокат. Душко е убав, тој е убав маж – кажа Јелена, а потоа откри дека никој не и’ се додворува. -Мажите не ми се додворуваат, а ниту жените. Кога ќе научиш со години да те удираат во глава како во бокс, тогаш го добиваш тој борец. Приватно, јас сум една душа од жена. Јас сум толку добар приватно, јас сум нежна и мила, љубезна… Сосема спротивно од она што моите драги гледачи го мислат за мене. И тогаш луѓето имаат предрасуди и никој не ми приоѓа, никој нема да ми прати шампањ. Читам сè во весниците, а тие им праќаат шампањ на некои старлети. Како тоа, никогаш немам никој?! – праша ЈК.

Јелена Карлеуша