Хојлунд стана најмладиот играч на Манчестер јунајтед кој постигнал гол на четири последователни натпревари во Премиер лигата

– Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд постигна гол на денешниот натпревар од 23. коло од Премиер лигата со Вест Хем.

Данскиот фудбалер стана најмладиот играч во историјата на клубот од „Олд Трафорд“ кој постигнал гол во четири последователни натпревари од англиското првенство. 

Претходно Хојлунд погодуваше на натпреварите со Астон Вила (3:2), Тотенхем (2:2) и Вулверхемптон (4:3).

Покрај тоа, Хојлунд го воспостави ова достигнување на неговиот роденден. Денеска наполни 21 година.

Хојлунд игра за „црвените ѓаволи“ од летото 2023 година. Неговиот договор со англискиот тим е до 2028 година.