Со една состојка домашниот леб ќе биде готов за 15 минути

Доколку го пробате овој брз рецепт со кој ќе направите домашен леб со совршен вкус, засекогаш ќе го заборавите лебот купен од продавница. Благодарение на медот ќе биде готов за само 15 минути.

Потребни состојки:

  • 1 лажица мед
  • 250 гр интегрално брашно
  • 250 гр бело брашно
  • 10 гр прашок за печиво
  • 2 лажички сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • 300 мл млака вода

Подготовка

Прво загрејте ја рерната на 250 степени. Потоа измешајте ги сите суви состојки и додадете мед, вода и масло. Сето убаво измешајте го со лажичка да се соедини.

Поделете на два дела. Дополнително, на површината посипете малку брашно за да можете да го извадите тестото и да го обликувате. Се става на плех покриен со хартија за печење. Печете 15 минути додека не се стегне кората.