Со месеци спиел во гаража: Момчето се расплакало кога дознало дека повторно има дом (ВИДЕО)

ДЕЦАТА се среќни поради нештата кои многумина од нас ги земаат здраво за готово – љубовта на нивното семејство и безбедното место каде што може да се нарече дом.

Минатото лето Мелори Елис се најде во незавидна ситуација. Нејзиниот сопруг тешко се разболел и завршил во болница, поради што неколку месеци не можел да работи. Неговиот живот висеше на конец, а тоа изврши огромен емоционален и финансиски притисок врз Мелори и нејзините два сина.

За среќа, мажот бил успешно опериран, но следеле месеци рехабилитација. Како што поминуваа неделите, семејството тонеше сè подлабоко во финансиската бездна. Мелори жонглираше на две работни места и очајно се обидуваше да врзе крај со крај. Таа не успеа. Приходите и биле недоволни и останала на улица со двете деца.

Цените на киријата во Флорида се високи, па Мелори се радуваше кога еден пријател им ја даде својата гаража за да имаат каде да спијат. Сепак, тие копнееле по место што би можеле да го наречат дом. Мелори на крајот се сврте кон TikTok и ги канализираше своите емоции во срдечно видео.

„Кога сте бездомници повеќе од еден месец и вашите деца спијат на подот во гаражата, јасно е дека ситуацијата е надвор од контрола“, рече таа.

На нејзино изненадување, видеото стана вирално и доведе до пресврт што донесе трошка надеж во животот на ова семејство.

Нов почеток

Елис објави видео во кое го сними моментот кога таа и нејзиниот сопруг ги изненадија своите синови со нов дом. Помладиот син извика „Имаме дом!“ потоа пукна во солзи. Сцената беше толку трогателна што ги насолзи многумина кои ја гледаа. Среќната вест го допрела и постариот син кој го прегрнал татко си.

Се вредеше поради овој момент“, заклучила мајката.