Со него ја изгубила невиноста а морала да му пее на свадба! Пејачката откри вознемирувачи детали: Скотот само ме искористи!
Пејачката Вања Мијатовиќ сега е во хармоничен брак со сопругот Александар, но пред него немала многу среќа во љубовта, а еден човек еднаш и’ го „скршил срцето“.
Кога била млада, Вања била лудо вљубена во маж, со кој ја изгубила невиноста. Дека судбината пишува романи покажа нејзиниот пример.
Имено, пејачката во една прилика проговори за врската со момче, кој како што вели ја искористил, а на кого и му пеела на свадба.
– Бев многу заљубена во момчето со кое бев првпат, но тој, како и 99 проценти од момците, беше ѓубре, па едноставно ме искористи. И јас му ја пеев свадбената песна… Па времето лечи сè, па не ми беше тешко. Ми беше драго, иако навистина ме повреди – изјави тогаш Вања.
После таа неуспешна врска, пејачката имала романса со Грк со кој дури и се свршила, но ни тaa не и’ успеалa, па свршувачката била прекината.
Инаку, Вања сега секојдневно ужива во љубовта со својот избраник, а своевремено проговори и за нивната врска.
– Одлично е кога сме заедно. Одвреме-навреме се караме како сите парови. Тоа е и начин да запознаете некого, да видите што му пречи, но ние сме добри. Добро е кога мажот понекогаш се кара, а јас и тој сме потемпераментни, иако тоа не се покажува кај мене. Можам да бидам нервозна, но за 10 минути сум како нова. Не е проблем и двајцата да се извиниме после, тоа е големината на човекот да знае да признае дека згрешил. Работев многу на себе, сè уште работам, бидејќи никој не е совршен – изјави таа.