СО ОВАА ДИЕТА КОЛИНДА СТОПИ 30 КИЛОГРАМИ! Нарачува пица со едно барање, а трикот со тестенини ископирајте го веднаш

Колинда Грабар Китаровиќ откри како успеала да ослаби 30 килограми!

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, во новото интервју за 24сата.хр ги открива деталите за диетата благодарение на која успеала да изгуби дури 30 килограми.

„Не бројам калории, но внимавам на гликемискиот индекс на храната. Не консумирам додаден шеќер или висококалорични пијалоци. Целосно го исфрлив додадениот шеќер од исхраната, а солта и скробот ги намалив исто толку што е можно повеќе“, вели Колинда Грабар Китаровиќ.

Таа, исто така, консумира големи количини на маслиново масло. Колинда не следи нискокалорична диета. Храната богата со „празни“ калории ја заменува со храна богата со хранливи материи, без разлика на бројот на калории, па помфритот го заменува со грчка салата. Сака медитеранска кујна.

„Многу разновиден крајбрежен зеленчук, боранија и грашок, многу зелен лиснат и друг зеленчук без или со малку скроб, многу различни салати, риба, пилешко, јаткасти плодови и семки, обичен јогурт или кефир“, вели поранешната хрватската претседателка.

Повремено консумира црвено месо. Нормално се труди да го избегне лебот, но понекогаш тоа го прави кога е на патувања.

“Сакам авокадо, но овде е тешко да се најде добро и доволно зрело авокадо. Сакам пица, но ретко се препуштам на неа, само кога сум надвор со добро друштво. Кога нарачувам пица, таа мора да биде полна со зеленчук. За среќа зеленчук и салати обожувам и не можам без нив, како и без добра супа или чорба“, истакнува Колинда Грабар Китаровиќ.

Трик кој ја намалува количината на тестенини

„Многу малку тестенини ги мешам со “резанци” од тиквички што ги правам. Посолувам малку за да се ослободи водата, ги цедам и ги загревам во тавче да останат крцкави и ги мешам со болоњезе сосот. Обожавам и паштицада, но само онаа што сама ја правам За среќа таа е толку комплицирана и се троши толку многу време на неа, па е многу ретка, бидејќи што е паштицада без њоки?“, вели Колинда Грабар Китаровиќ.