Турската фондација Дијанет (ТДВ) и Управата за жени и млади започнаа работилница за плетење во Адијаман, кој е погоден од земјотресот, со цел да ги рехабилитираат и дружат жените кои ја преживеаја големата катастрофа.
Жените кои ги преживеаја разорните земјотреси што ги погодија јужните турски области на почетокот на февруари, се обидуваат да ги надминат сите тешкотии со плетење и барем малку да заборават на она што се случи.
Турската фондација Дијанет (ТДВ) и Управата за жени и млади започнаа работилница за плетење во Адијаман, кој е погоден од земјотресот, со цел да ги рехабилитираат и дружат жените кои ја преживеаја големата катастрофа.
Турската фондација Дијанет спроведува различни активности во регионите погодени од земјотресот.
По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, во шаторската населба Егриџај во Адијаман беше организирана работилница за плетење на која присуствуваа многу жени.
Волонтерите на ТДВ истакнаа дека се надеваат дека со плетењето жените барем донекаде ќе ги надминат траумите што ги преживеале во земјотресите.
Жените во работилниците најчесто плетат елеци, шалови и чорапи за внуците и децата.
Во другите градови во Туркије погодени од земјотресите се организираат слични работилници и активности чија цел е рехабилитација и социјализација на жените.
Постојат многу студии кои покажуваат дека плетењето е корисно за физичкото и менталното здравје, дека ја забавува појавата на деменција, помага во борбата против депресијата и ја спречува хроничната болка.
TRT Balkan